Почина режисерот на „Дипломец“ Мајк Николс

Од:

Американскиот филмски и театарски режисер, Мајк Николс кој доби „Оскар“ во 1967 година за својот филм „Дипломец“ почина на 83-годишна возраст.

Николс кој беше роден во Германија и имаше германско потекло, починал вчера, од срцев удар.

Покрај Оскарот, за својот најизвикан и незаборавен филм, Мајк Николс беше уште четири пати номиниран за оваа најпрестижна награда на Амерканската филмска академија, меѓу кои и за филмот „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ со Елизабет Тејлор и Ричард Бартин во главните улоги.

Николс е еден од дванесетмината „величенствени“ во светот на филмот, театарот и телевизијата кој ги има добиено сите четири престижни американски награди, покрај „Оскарот“ и наградите „Еми“,„Греми“ и „Тони“.

Негов последен филм беше „Војната на Чарли Вилсон“ снимен во 2007 година, во кој главните улиги ги имаат Том Хенкс и Џулија Робертс.

Пред да работи на филмот, Николс работеше на театарските сцени, се до 1966 година кога го снима својот прв филм. Веќе следната година, го снима „Дипломец“ и за тоа добива „Оскар“ а од главниот актер, тогаш младиот Дастин Хофман, прави светска филмска ѕвезда.

Од 1988 година, Мајк Николс е во четврти брак, со новинарската и водителка на АБЦ Њуз, Дијан Сојер.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ