Магазинот „Пипл“ го прогласи австралискиот актер Крис Хемсворт за најсексипилен маж за 2014 година.
Ѕвездата на „Тор“ е во брак со шпанскиот модел Елса Патаки од 2010 година со која има три деца, двегодишната Индиа и осуммесечните синови близнаци Саша и Тристан.
Минатата година титулата за најсексипилен маж ја доби Адам Левин, а претходни добитници на оваа награда се и Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џорџ Клуни и Ричард Гир.