Tелото на Дениса доцна синоќа беше донесен во домот на нејзините родители.
Веднаш по објавувањето на резултатите од повторната обдукција и ДНК анализата направени во Институтот за судска медицина со кои беа симнати сите сомнежи и потврдено дека станува збор за 23 годишната девојка која на почетокот од октомври беше пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос.
Најблиските роднини и пријатели на семејството Маркоски, уште вчера,по официјалната потврда од судска медицина беа во нивниот дом. Со намера да и оддадат почит на Дениса и да ја испратат до нејзиното вечно почивалиште.
Дениса Маркоска исчезна од туристичкиот брод „Серенисима“ ноќта помеѓу 12 и 13 септември. Во моментот на нејзиното исчезнување, бродот пловел од Родос кон Крит.