Министерството за здравство соопшти дека денеска ги доби резултатите од Институтот за судска медицина во врска со случајот на Дениса Маркоска, и го известило семејството за тоа.
– Заради заштита на приватноста и почит кон семејството, оставаме на семејството да одлучи дали за резултатите ќе биде информирана јавноста, се вели во соопштението.
Реобдукцијата и ДНК анализата на телото на 23-годишната прилепчанка беше извршено на барање на родители.
Дениса Маркоска исчезна ноќта меѓу 12 и 13 септември во водите на Егејското Море од бродот „Серенисима“ каде работеше. По неколку неделна потрага, на почетокот на октомври во близина на остовот Карпатос беше пронајдено мртво тело на девојка.