Вчера во 13 часот на Граничниот Премин „Јажинце“ на излез од Македонија, поради илегален престој приведен е 35-годишниот Џ.Д. од Албанија.
Во 15 часот лицето е предадено на полицајци од СВРТетово, од каде е изнесен пред дежурен судија за прекршоци, од чија страна му е изречено решение за протерување со мерка „забрана за влез во Македонија“ во траење од една година.