Селекторот на словачката фудбалска репрезентација, Јан Козак изрази задоволство од резултатот по натпреварот со Македонија, но потенцира дека нашата репрезентација одиграла одлично.
– Одигравме тежок натпревар, впрочем така и очекувавме да биде против селекцијата која игра се подобро. Македонија создаде многу шанси, најмногу од сите досегашни наши противници и наша голема среќа е што не примивме гол. Од друга страна ние ги искористивме нашите прилики и ја постигнавме целта, рече Козак.
Словачка синоќа во Скопје ја победи Македонија со 2:0 и со максимални 12 бодови е прва во групата Ц во квалификациите за ЕУРО 2016.