Репрезентацијата на Фарските Острови го направи најголемото изненадување на првите осум натпревари од 4. коло во квалификациите за Европското првенство во Франција 2016.
Фарските Острови славеа победа среде Атина над нашиот јужен сосед, а значаен гостински триумф забележа и Данска во Белград против Србија.
Резултати на осумте натпревари одиграни во текот на вчерашниот ден во рамките на Д, Г и И групата:
Д група: Грузија – Полска 0:4, Германија – Гибралтар 4:0, Шкотска – Република Ирска 1:0.
Табела група Д: Полска 10 бодови, Германија 7, Република Ирска 7, Шкотска 7, Грузија 3, Гибралтар 0.
Ф група: Грција – Фарски Острови 0:1, Унгарија – Финска 1:0, Романија – Северна Ирска 2:0.
Табела група Ф: Романија 10, Северна Ирска 9, Унгарија 7, Финска 4, Фарски Острови 3, Грција 1.
И група: Португалија – Ерменија 1:0, Србија – Данска 1:3. Слободна е Албанија.
Табела група И: Данска 7, Португалија 6, Албанија4, Србија 1, Ерменија 1.