Куферите со лични работи на вокалистот од ирската групата Ју-Ту, Боно, испаднале од авионот, кој летал на релацијата Даблин-Берлин, затоа што надворешната врата од багажникот на приватното летало на пајачот се откачила во текот на летот, пренесуваат денеска медиумите во Ирска и Велика Британија.
Инцидентот се случил вчера, кога Боно со приватен авион патувал во Берлин, каде вечерва ќе присуствува на церемомијата на доделување на наградите Бамби.
Со него патувале уште четири лица. Патниците рекле дека слушнале некој звук од задниот дел на авионот, но сепак не се загрижиле.
Дури кога авионот слетал, Боно и неговите пријатели забележале дека вратата од багжникот на задниот дел од авионот се откачила и ги немло сите нивни лични работи.
Аеродромските власти во Берлин изјавиле дека не постоела никава опасност.
Британските медиуми се шегуваат дека Боно би можел вечерва да отпее некоја песна од познатиот албум „Achtung Baby“ (Внимание драга!), која Ју-Ту ја сними во 1991 година во Берлин.