Бразилските медиуми тврдат дека познатиот фудбалер Рикардо Кака и неговата сопруга Каролина Селико се пред развод, по девет години брак.
Според медиумите, Каролина решила да покрене тужба за развод на бракот, поради наводно неверство на бразилската фудбалска ѕвезда.
Неофицијално се тврди дека девојката со која Кака ја изнверил сопругата е „Мис Бразил 2013“, Жакелин де Оливеира.
Кака, кој важи за многу побожен, се запозна со Каролина во 2001 година и тие се венчаа четири години подоцна. Рикардо и Каролона имаат две деца – птегодишниот Лука и тригодишната Изабела.