Откако беше објавено дека на доделувањето на наградите на Ем-Ти-Ви 2014, што ќе се одржи утре во Глазгов, ќе настапи ирскиот бед Ју-Ту, организаторите сега соопштија дека менифестацијата со своја изведба ќе ја збогати и Алиша Киз.
Организаторите најавија дека како презентери на наградите, меѓу останатите, ќе се појават и ди-џејот и продуцент Афроџек, Дејвид Хаселхоф, супермоделот Џардан Дан и ѕвездите на реалити шоуто „Тотал Дивас“, Бри и Ники Бела.
Покрај Ју-Ту и Алиша Киз, на доделувањето на Ем-Ти-Ви наградите ќе настапат и Енрике Иглесијас, Келвин Харис, Чарли Екс-Си-Екс, Ројал Блад, Аријана Гранде, Ед Ширан…
Сигурен добитник на одличје е овогодишната манифестација е рок легендата Ози Озборн, кој ќе ја добие наградата „Голден Ајкон“.
Главни фаворити за останатите награди се Кејти Пери, која има седум номинации, пред Аријана Гранде со шест и Фарел Вилијамс и „Фајв Секандс оф Самер“ со по пет номинации. По четири номинации имаат Уан Дирекшн, Ники Минај, Иги Азалеа, Еминем и Сем Смит.