Институтот за судска медицина добил овластување од министерот за здравство Никола Тодоров да направи обдукција и ДНК анализа на телото на Дениса Маркоска.
Во врска со прашањата упатени до Министерството за здравство, за случајот со Дениса Маркоска, Ве информираме дека согласно член 275 од Законот за здравствена заштита, ќе се изврши судско-медицинска обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје. Министерството за здравство стапи во контакт со семејството и го извести за истото, стои во соопштението од министерството.