Легендарниот пејач, Стиви Вондер ќе стане татко по деветти пат, а неговата партнерка, Томека Робин Брејси сега носи тројки. Наскоро Вондер ќе има вкупно 11 деца.
Двесет и пет години помладата партнерка на Стиви Вондер, Брејси е бремена и чека тројка, објавија американските медиуми. Пејачот со неа веќе има едно дете.
Вондер има осум деца од пет различни жени, а децата се на возраст од една до 39 години.
– Незнам дали тоа му беше целта, но среќен е и може да си дозволи, рече извор за „Њујорк пост“.
Вондер до сега беше во брак два пати. Првата сопруга беше пејачката Сурита Рајт, со кој беше во брак две години. Со модната дизајнерка, Каи Мила Морис беше оженет од 2001 година до 2012 година и со неа има две деца.