Деми Мур нема намера да го остави на мир својот поранешен сопруг Ештон Качер и неговата свршеница Мила Кунис и многу често се распрашува за нивната ќерка Вајт, тврди магазинот „Нешанл Енкваер“.
– Деми постојано му додева на Ештон и ми испраќа пораки распрашувајќи се за девојчето, што многу ја вознемирува Мила. Мила била многу вознемирена кога еднаш случајно дошла дома и ја видела Деми како ја држи Вајт во раце. Тогаш таа на Деми и рекла веднаш да се оддалечи од ќерка и и да не им се меша повеќе во нивните животи, наведува списанието.
Во сета оваа приказна се чини дека Качер воопшто неможе да се снајде и нема начин како да ја отстрани поранешната сопруга од нивниот живот, поради што Мила решила „да ја земе работата во свои раце“, додава „Нешанал Енкваер“.