Во Музејот за рокенролот во Кливленд утре ќе биде отворена изложба посветена на американскиот музичар Пол Сајмон.
Музејот, во кој се наоѓа и холот на славните рокенрол пејачи, најави дека посетителите на изложбата „Пол Сајмон: Зборови и музика“, ќе можат да изразат мислење за музиката што пејачот ја има снимено.
Поставката содржи 80 експонати, вклучувајќи акустична гитара на 73- годишниот Сајмон, оригиналниот договор за соработка што го потишал со Арт Гарфанкел, како и текстот на песмата „The Boxer“ во ракопис, што Пол го напишал уште кога бил тинејџер во еден летен камп.
Инаку, оваа година се навршуваат 50 години од објавувањето на албумот на прославениот дует Сајмон и Гарфанкел, „Wednesday Morning, 3 AM“.