Ѕвездата на серијата НЦСИ, Марк Хармон, во моментов работи на нова драмска серија со наслов „Шекспировите сестри“, која ќе се фокусира на животот на младиот Вилијам Шекспир во Лондон.
Серијата говори за конфликт меѓу кралицата Елизабета и три вештерки во 1590 година, во кој е инволвиран и Шекспир.
Хармон ќе работи на продукцијата на серијата заедно со Ерик и Ким Танембаум, преку нивната заедничка компанија „Хармон Танебаум“.
Извршен продуцент ќе биде Скот Саливен заедно со Бред Силберлинг, кој воедно ќе биде и режисер на самиот проект.