Иако акцијата на УНИЦЕФ – „Повик за будење“ не доживеа ниту половина популарност како „Студениот предизвик“, сепак некои славни личности и натаму се обидуваат да привлечат внимание на иницијативата на Детскиот фонд на ОН.
Меѓу нив е и 48-годишната Синди Крафорд, кој согласно правилата на акцијата, донираше пари за децата во Сирија, но на интернет страниците објави фотографија направена веднаш по нејзиното утринско будење.
Фотографијата привлече големо внимание, а Синди и ја искористи таа можнот и за оваа акција ги предизвика – Кристи Тарлингтон, Соња Кашук и Касандра Греј.