Кеша го тужеше својот продуцент Лукас Готвал со обвинувања дека ја малтретирал психички и сексуално, ја дрогирал и ја принудувал да пие, на што следуваше негова контра тужба.
Лукас тврди дека Кеша ја поднела тужбата за да се извлече од договорот со него без да плати одштета, и за да му го урне угледот.
Работите ги комплицира тоа што во 2011 менаџерот на Кеша ги тужеше и неа и нејзиниот продуцент. Тогаш на суд Кеша изјави дека Лукас никогаш на никаков начин не ја злоставувал.
Но, од тогаш помина доста време. Можеби пејачката има докази со кои ќе ја поткрепи последната тужба против продуцентот…