Почина Џек Брус, басистот на Cream

Од:

Џон Сејмон Ашер „Џек“ Брус, басистот на Cream, британски рок бенд во 1960-те почина во саботата на 71-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Брус, гитаристот Ерик Клептон и тапанарот Џинџер Бејкер продадоа 35 милиони плочи за помалку од две години како група Cream и се прославија со хитовите како „I Feel Free“, „Sunshine of Your Love“, „White Room“ и „Crossroads“.

„Музичкиот свет ќе биде посиромашен без него, но тој живее во својата музика и засекогаш во нашите срца“, објави семејството на Џек Брус кој почина, како што пишуваат медиумите на Островот, од болест на црниот дроб.

Се сета дека Cream беа првата супергрупа, а се распадна на врвот од кариерата во ноември 1968 година. Нивниот албум „Wheels of Fire“ беше првиот двоен платинест албум во светот.

Брус по распадот на бендот започна соло кариера, а својот последен албум под наслов „Silver Rails“ го објави во март 2014 година.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ