Били Боб Торнтон ја откри вистината за бракот со Анџелина Џоли

Од:

Актерката Анџелина Џоли беше омажена за американскиот актер и режисер Били Боб Торнтон две години, а за тоа време луѓето ширум планетата беа шокирани од нивните ритуали.

Можеби најпозната бизарна работа која Били и Анџелина ја правеле како пар било носење стаклени шишенца исполнети со крв, на едниот и на другиот сопружник. Били конечно објасни зошто тоа го правеле.

Тој вели дека неговата поранешна сопруга Анџелина сметала оти тоа бил романтичен гест.

– Енџи еден ден дојде дома со шишенца… оние празни стаклени шишенца во кои би ставиле фотографија од вашата баба или нешто слично, и тоа потоа да го носите околу вратот. Таа купи две шишенца и бидејќи често бевме разделени поради работата сметаше оти нејзината идеја беше многу романтична, вели Били.

– Таа рече оти е многу интересно и романтично ако го исечеме прстот со жилет и да ставиме малку крв во шишенцето. Токму како што некои родители така носат праменче од коса од своето дете околу вратот, додаде тој.

Што се однесува со бракот со Анџелина, што траел две години, Били рече дека тоа било лудо време.

– Целиот тој период со Анџелина беше ураган, неверојатен период за мене. Меѓутоа, никогаш не ми се допаѓаше, заклучи Били.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ