Британскиот актер Џуд Ло објави дека по петти пат ќе стане татко. Неговата поранешна девојка, 18-години помладата Кет Кавели е бремена пет месеци.
– Иако не се повеќе во врска, двајцата се посветени на нивното дете. Ова е нивна приватна работа и повеќе нема да зборуваме за тоа, пишува во службеното соопштение на славниот актер.
Четириесетиедногодишниот убавец ја запозна Кет пред неколку месеци, а потоа минаале заедно шест дена во Прага каде Ло снимал филм, но наскоро после тоа одлучиле да се разделат.
Ло ги презема финансиските обврски и финансиски ќе ја помага младата пејачка. Таа наводно е преселена блиску до него за да може да и помогне околу детето, пишува „Дејли Мејл“.
Џуд Ло е татко на четири деца. Од бракот со поранешната сопруга Седи Фрост ги има синовите Раферти и Руди, како и ќерката Ирис. Од кусата врска со манекенката Саманта Бурк ја доби сега петгодишната ќерка Софија.