Американската актерка Камерон Диаз веќе неколку месеци е во врска со вокалистот на бендот „Гуд Шарлот“, Бенџи Меден, а веќе се зборува и дека се верени.
– Не барам сопруг, а најмалку брак. Едноставно живеам свој живот и воопшто не сум размислувала што треба да правам, а што не, изјави Диаз за магазинот „Мери Клер“.
– Живееме во средина каде сите имаат деца, па сакаат и другите да ги имаат. Тоа е таа култура која вели дека славните треба да бидат исти како и обичните луѓе и затоа луѓето мислат: „Јас имам деца, зошто таа са нема?“ Јас нема да го сторам нешто само затоа што другите го очекуваат тоа од мене, вели таа, додавајќи дека „ако создаде семејство, значи едноставно се случило“.