Раскинаа Ричард Гир и Падма Лакшим

Од:

Американскиот актер Ричард Гир и поранешниот модел Падма Лакшим, ставија крај на нивната врска, но сепак одлучиле да останат пријатели, објавија американските медиуми.

Според изјавите на нивни пријатели, тие ставиле крај на нивната шестмесечна романтика, од причина што биле премногу ангажирани.

– Тие заклучија дека подобро би функционирале како пријатели, изјави неименуван извор за „Њујорк Пост“.

Гир, кој е на возраст од 65 години, се разведе од сопругата Кери Ловел во септември минатата година по само една година брак. Тој во моментов во Њујорк го снима филмот „Time Out of Mind“, каде толкува улога на бездомник.

Падма, која инаку има 44 години, е ангажирана во новата сезона на реалити шоуто „Top Chef“, кое се снима во Бостон.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ