Американското списание за мажи „Есквајер“ ја прогласи глумицата Пенелопе Круз за „најсексaпилна жива жена“ на светот. Пенелопе е 11-та жена на која „Есквајер“ ѝ ја доделил титулата.
Меѓу претходните добитнички се Анџелина Џоли, Хали Бери, Шарлиз Терон и Скарлет Јохансон, како и пејачката Ријана.
Шпанската актерка, која оствари забележителна кариера во Холивуд, рекла за „Есквајер“ дека кога била млада имала голема „наклоност кон драмата“, но дека во моментот „драмата не може помалку да ја интересира“.