Албумот „21“ на Адел во САД продаден во 11 милиони примероци

Од:

На 189 недели од објавата, вториот студиски албум на британската музичка дива Адел, „21“, според податоците на Нилсен Саундскен во САД достигна продажба од 11 милиони примероци.

Остварувањето од 2011 година претставува само 12. албум кој е продаден во толкав број примероци, од кога Саундскен во 1991 година почнал да ја следи продажбата.

Колекцијата објавена на 21 февруари 2011 година, мина 24 недели на првото место на топ листата на албуми на Билборд. На албумот има пет песни кои биле на топ листата на Билборд за синглови „Hot 100“, а три биле на првото место: Rolling in the Deep, Set Fire to the Tain и Someone Like You.

Адел во моментов работи на својот трет албум.

Најпродаван албум според Саунскен е истоимениот албум на Металика од 1991 година продаден во 16,04 милиони примероци, по што следат Шаина Твеин со Come on Over (15,58 милиони копии) и Аланис Мористер со Jagged Little Pill (14,95 милиони примероци).

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ