Компанијата „Лукоил Македонија“ ДООЕЛ Скопје и ДТУ Бензинска пумпа ДООЕЛ Кочани на пригодна свеченост денеска го предадоа во употреба повеќенаменскиот комплекс со бензинска пумпа кој се протега на површина од 2.400 метри квадрани сместен на влезот во Кочани кај месноста Косовка.
На отворањто присуствуваа голем број гости, меѓу кои и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Олег Шчербак.
– „Лукоил Македонија“ денеска ја отвора својата 27-ма бензинска пумпа во Кочани со што семејството на бензински пумпи е зголемено за уште една современа пумпа на влезот во Кочани. Со нејзиното присуство и работа граѓаните и туристите од овој дел на Македонија ќе добијат висококвалитетени горива и квалитетна и навремена услуга, истакна Андреј Михајлович Куку, генерален директор на „Лукоил“.
Амбасадорот Шчербак нагласи дека соработката меѓу Македонија и Руската Федерација ќе продолжи и понатаму.
– Пример за доброседските односи и инвестирањето на руски компании во вашата држава е присуството на Лукоил и оваа нова бензинска пумпа. Граѓаните од овој дел на Македонија наместо да користат деривати од бензинските пумпи во Штип и Струмица тоа сега можат да го правата во Кочани, истакна Олег Шчербак,амбасадор на Руската федерација во Македонија.
За градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски ова е уште еден пример за влез на странски капитал во општината. По инвестиции на австриски и германски компании, посочи тој, Руската Федерација инвестираше во нова бензинска пумпа со што се вработија десетина граѓани на Кочани.
Свеченото отворање на бензинската пумпа на „Лукоил Македонија“ во Кочани беше збогатено со осветување на објектот што го изврши Митрополитот Брегалнички Иларион во сослужение на свештено служители од Кочанското арехиерејско намесништво.