Почнаа забраните на емисии во Србија?

Од:

Познатата емисија „Впечаток на неделата“ (Утисак неделје) на српската телевизија Б92 е одложена на неодредено време, соопшти телевизијата.

Авторката на оваа култна политичка дебатна емисија Олја Бечковиќ изјави за агенцијата Бета:

-Емисијата не е одложена на неопределено време, туку е забранета, јас не го одбив договорот, туку добив ултиматум. Бев уценета дека единствен начин да продолжам да работам е да ја продолжам својата емисија, според важечкот договор, но да потпишам дека од ноември, емисијата ќе оди на Инфо канал Б92, тврди Бечковиќ.

Според неа, не се работи за бизнис одлука на телевизијата, туку таа е забранета по политички налог.

Проблемот со емисијата „Впечаток на неделата“, која на Б92 се емитува од деведесетите години, настанал кога на Олја Бечковиќ, управата на телевизијата и’ соопштила дека емисијата се преместува од националната фреквенција на кабловскиот канал Б 92 Инфо што покрива околу 60 проценти од Србија.

На оваа одлука се спротивстави авторката Бечковиќ, но и главниот и одговорен уредник на информативната програма на Б92, Веран Матиќ, кој смета дека преместувањето на оваа емисија на кабловскот канал претставува деградација и е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

Б92: Куманово – убиени после предавањето?

Емир Латифовиќ