Туркмол, компанијата која е лидер во регионот во изградба на трговски центри, и која веќе во неколку земји од Европа го пласираше шведскиот бренд Икеа, влегвува во проектот на Ера „Град во град“ на Скопски саем.
По оваа онформација, се отвора прашањето дали преку оваа инвестиција, Туркмол отвора можност за влез на шведскиот бренд, познат по свој економичен и едноставен мебел и покуќнина, на македонскиот пазар.
Деталите за инвестиција е очекувано да се обелоденат наскоро. ИКЕА е една од најголемите и најпознатите меѓународни компании, има најголем синџир за продажба на мебел, а основан од познатиот шведски претприемач Ингвар Кампард во 1943. година.
Икеа денес е присутна во 36 земји, во Европа, Австралија и Канада, со 285 стоковните куќи и трговски центри. Најголем нејзин пазар е Германија каде што има 43 продавници.
Икеа планира до 2015 година да влезе и во земјите од поранешна Југославија, а цел и се и земјите во развој во кои се уште нема ртазвиена мрежа. Најблиските трговски центри на Икеа, сега се во Софија и Солун. Дали макеоднците сеуште ќе треба да патуваат до Бугарија и Грција, за да си обезбедат нешто од брендот на Икеа, од Ера најавуваат дека ќе обелоденат наскоро.