Хакерите кои пред неколку недели успеаја да пробијат во стотина компјутери на славни актери и пејачи, очигледно не мируваат.
Меѓу сопствниците на „пробиените“ компјутери се најде Ријана, чии разголени фотогафии се огромна брзина се проширија на социјалните мрежи.
Иако Ријана досега самата објави голем број нејзини разголени слики во сите можни изданија, сепак фотографиите од приватниот фотоалбум на пејачката предизвикаа голем интерес во јавноста.
ФБИ и „Ејпл“ започнаа истрага со цел да утврдат дали фотографиите и овој пат дошле од АјКлоуд, имајќи предвид дека бројот на славните убавици чија приватност е загрозена со објавувањето на нивни фотографии расте од ден на ден.