Пупи Авати: Шерон Стоун е невозможна

Од:

Италијанскиот режисер Пупи Авати сакал актерката Шерон Стоун да игра во неговиот нов филм „Златно момче“, но тоа што не го знаел е колку ќе биде тешко со неа да соработува.

Тој изјави дека бил пресреќен кога дознал дека актерката се согласила да игра во неговиот нискобуџетен проект, но оти неговото расположение се променило кога нејзините претставници му ја доставиле листата со нејзините барања.

– Преговорите со неа беа на границата на апсурд, изнесени се срамни барања, како Италија да е некој земја од третиот свет. Колку да знаете во Италија имаме струја, изјави Авати.

Италијанскиот режисер тврди дека нејзиното напорно и ситничарско однесување го манифестирала и за време на снимањето. Така во една прилика без најава го напуштила сетот, откако видела група фотографи и телевизиска екика, кои дошле да снимат една сцена.

– Мојот брат Антонио подоцна прими повик од нејзиниот менаџер од Лос Анџелес, кој му рекол дека Шерон се заклучила во нејзиниот автомобил и оти нема да излезе и да ја сними сцената се додека фотографите и телевизијата не се оддалечат од сетот, раскажува тој.

– Ништо од наведеното не е вистина, реагираше портпаролот на Шерон и додаде дека таа е исклучителен професионалец.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ