Ултраортодоксните Евреи против Лејди Гага

Од:

Плакатите за големиот концерт на поп ѕвездата Лејди Гага во Тел Авив што беа поставени низ улиците на Ерусалим, набрзо беа прекриени на барање на ултраортодоксните Евреи од главниот град на Израел.

Постерите на американската поп дива која се наоѓа на турнеја низ Бликиот Исток, осамнаа прекриени со бели ленти на барање на член на Градскиот совет на Ерусалим од редовите на ултраортодоксната верска партија Шас, кој оцени дека фотографиите на Леји Гага се „нескромни“.

Според советникот Нати Ласри, истакнувањето на фотографиите на Лејди Гага во Ерузалим е исто како „поставување на плакати за поддршка на Хамас на воен регрутен пункт“.

– Шокиран сум од плакатите кои поттикнуваат згрозување и што ги навредуваат чувствата на мнозинствоте машки и женски жители на Ерусалим, изјави Ласри, нагласувајќи дека е задовоелн од одлуката на градските власти за прекривање на постерите.

Но, на ваквата одлука реагираа секуланите и прогресивните структури во Еруслим. Членката на Градскиот совет, Рахел Азарија изрази револт поради одлуката на локалните власти на Ерусалим.

– Ултраортодоксните (Евреи) сочинуваат само 20 проценти од жителите на Ерусалим и тие не можат да решаваат како ќе изгледа јавниот живот на градот. Не можеме да дозволиме жените да бидат исклучени од јавниот живот, нагласи Азарија.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ