„Гришко“ со втора инвестиција во Македонија, нови 160 до 200 вработувања

Од:

Нови 160 до 200 работни места ќе се отворат со новата фабрика што ќе ја гради руската компанија „Гришко“.

Ова е втора инвестиција на руската компанија во Македониjа по првата фабрика за обувки за модерни танци што ја отвори во демирхисарското село Слепче.

Сопственикот на компанијата Николај Гришко денеска по средбата со премиерот Никола Груевски најави дека кон крајот на октомври очекува да почне реконструкцијата на објектот каде ќе биде сместена новата фабрика, а веќе од почетокот на идната година таа да профункционира.

Тој изрази задоволство од поволната бизнис клима и условите што им се нудат на странските инвеститори.

– Се надевам дека моето вложување во Македонија ќе заврши успешно. Работниците треба да ги учиме и обучуваме од почеток, бидејќи тие немаат искуство за ваков вид производство, истакна Гришко.

Тој додаде дека досега има инвестирано еден милион евра, но посочи дека средствата не се најважни, бидејќи инвестира во развој на Република Македонија.

– Јас за првпат се наоѓам во земја во која не е спомната корупцијата. Вие имате уникатна Влада. Денес премиерот Груевски, иако е повреден, дојде на средбата со мене и затоа му искажувам нему и на целата Влада посебна благодарност за помошта, додаде Гришко.

Првата фабрика во која се вработени 80 лица е отворена во март минатата година.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ