Со одигрувањето на синоќешните натпревари беше комплетирано првото коло од квалификациите за ЕУРО 2016 што ќе се одржи во Франција.
Две од репрезентациите кои учествуваа на Светското првенство летово во Бразил претрпеа порази. Третопласираната светска селекција, Холандија загуби на гостувањето кај Чешка, додека Босна и Херцеговина е поразена дома од Кипар. И двата натпревара завршија со резултат 2:1.
Резултати на синоќа одиграните натпревари: Казахстан – Летонија 0:0, Чешка – Холандија 2:1, Исланд – Турција 3:0 (А група), Андора – Велс 1:2, Босна и Херцеговина – Кипар 1:2, (Б група), Азербејџан – Бугарија 1:2, Хрватска – Малта 2:0 и Норвешка – Италија 0:2 (Х група).
Натпреварот од Б групата меѓу Израел и Белгија ќе се игра на 31 март 2015 година.
Дуелите од 2.коло од квалификациите се играат од 9 до 11 октомври.