Актерот Нил Патрик Харис, најпознат по улогата на „женкарот“ Барни во хит серијата „Како ја запознав вашата мајка“, овој викенд се венча со долгогодишниот партнер Дејвид Буртка во Италија. Актерот среќната вест ја сподели со неговите обожватели на Твитер.
– Погодете што? Дејвид и јас се венчавме овој викенд. Во Италија, напиша актерот покрај фотографија од церемонијата.
Харис и Буртка во врска се десет години, а со помош на сурогат мајка во 2010 година станаа родители на близнаците Гидеон и Харпер. Во јуни 2011 година објавија дека се вериле.
Како што јавуваат медиумите, двојката ги венчала Пем Фриман, режисер и голем нивни пријател. Се зборува дека на свадбата како музички гостин настапил и Елтон Џон, исто така добар пријател на двојката.