На трите први натпревари од квалификациите за Европското првенство во фудбал 2016 година (ЕУРО 2016) одиграни вечерва беа постигнати победи од 2:1.
Данска во рамки на групата И ја совлада Ерменија на домашен терен, а противникот водеше со 1:0.
Ист тек имаше и дуелот од Ф групата, Унгарија – Северна Ирска, со тоа што победија гостите (Северна Ирска), иако Унгарците водеа со 1:0.
До триумф од 2:1 стигна и Република Ирска со голот во последната минута против Грузија на гости во рамките на Д групата.
Во терминот од 20:45 часот вечерва играат:
Д група: Германија – Шкотска, Гибралтар – Полска.
Ф група: Фарски острови – Финска, Грција – Романија.
И група: Португалија – Албанија. Слободна е Србија.
Македонија натпреварот од 1.коло од квалификациите го игра утре во Валенсија против европскиот првак Шпанија.