Бојан Трајковски: Тие што не веруваа во нас ги поканувам да не гледаат на ЕП

Од:

Бојан Трајковски еден од носителите на играта на кошаркарската репрезентација на Македонија, пласманот на Европското првенство 2015 им го посвети на претставниците на клубовите кои инсистираа на зголемување на бројот на странски кошаркари во пресрет на новата натпреварувачка сезона.

– Би сакал јавно да ги поканам сите оние претставници на клубови кои не ни веруваа дека ќе играме на ЕП да дојдат со нас и да не гледаат. Исто така, сакам да порачам до челните лица дека би можеле уште еднаш да го зголемите бројот на странци, со образложение дека домашните играчи немаат доволно квалитет. Епа ете, токму омаловажените играчи од домашното првенство пред почетокот на квалификациите, сега се изборија за посакуваното Европско првенство, изјави Трајковски на средбата со новинарите.

Трајковски кој својата кариера ќе ја продолжи во Полска, иако квалификациите ги заврши како најдобар стрелец во Македонската репрезентација со вкупно 68 постигнати поени (11,3 по натпревар), сепак, пласманот на Евробаскетот го оцени како успех на целиот колектив.

– Задоволен сум како одигравме во овој квалификациски циклус и остварените пет победи на шест меча. Ова не е успех на поединци, туку успех на целиот тим кој се бореше за победа на секој меч и го даваше својот максимум, дополни Трајковски кој со 32 скокови (5,3 по натпревар) беше втор скокач во нашиот тим по Ричард Хенркс.

Би можело да ве интересира

Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу „тројки“ во квалификациите за ЕП

Ана Ололовска

Џикиќ: Овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство

Ана Ололовска

Познати учесниците на Евробаскетот во 2015 година

Ана Ололовска

Македонија по петти пат на Европско кошаркарско првенство

Ана Ололовска

Четири репрезентации обезбедија пласман на Евробаксетот 2015

Ана Ололовска

Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Ана Ололовска