Познати учесниците на Евробаскетот во 2015 година

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од последното коло во квалификациите, познати се сите земји кои ќе учествуваат на следното Европско кошаркарско првенство кои ќе се одржи во 2015 година.

Покрај селекцијата на Македонија, пласман на Европскиот шампионат преку квалификациите обезбедија и: Босна и Херцеговина, Исланд, Израел, Холандија, Полска, Германија, Белгија, Македонија, Грузија, Чешка, Летонија, Италија и Русија.

Комплетни резултати и табели, по последното квалификациско коло:

А група: Исланд – Босна и Херцеговина 70:78. Слободна Велика Британија.
Табела: Босна и Херцеговина 4-0 (победи-порази), Исланд 2-2, Велика Британија 0-4.

Б група: Израел – Бугарија 61:69 и Холандија – Црна Гора 68:55.
Табела: Израел 4-2, Холандија 4-2 ,Црна Гора 3-3,  Бугарија 1-5.

Ц група: Луксембург – Германија 66:118 и Полска – Австрија 90:85 (продолжение).
Табела: Полска 5-1, Германија 4-2, Австрија 3-3, Луксембург 0-6.

Д група: Македонија – Белорусија 72:66 и Данска – Белгија 63:77.
Табела: Белгија 5-1, Македонија 5-1, Белорусија 2-4, Данска 0-6.

Е група: Унгарија – Чешка 82:68 и Грузија – Португалија 71:59.
Табела: Грузија 4-2, Чешка 4-2, Унгарија 4-2,  Португалија 0-6.

Ф група: Романија – Летонија 70:82 и Шведска – Словачка 83:77.
Табела: Летонија 6-0, Романија 4-2, Шведска 2-4, Словачка 0-6.

Г група: Швајцарија – Италија 65:80. Русија слободна
Табела: Италија 3-1, Русија 2-2,  Швајцарија 1-3.

Претходно учество на ЕП веќе има обезбедено: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска, Украина, Словенија, Србија, Финска, Грција, Турција и Естонија.

Одлуката за домаќин на Евробаскетот 2015 година ќе биде донесена на 8.септември во Мадрид за време на Светското првенство кое стартува во сабота (30 август).

Би можело да ве интересира

Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу „тројки“ во квалификациите за ЕП

Ана Ололовска

Бојан Трајковски: Тие што не веруваа во нас ги поканувам да не гледаат на ЕП

Ана Ололовска

Џикиќ: Овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство

Ана Ололовска

Македонија по петти пат на Европско кошаркарско првенство

Ана Ололовска

Четири репрезентации обезбедија пласман на Евробаксетот 2015

Ана Ололовска

Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Ана Ололовска