Четири репрезентации обезбедија пласман на Евробаксетот 2015

Од:

По одигрувањето на натпреварите од 5. коло од квалификациите за Европското првенство 2015 година во кошарка познати се четири селекции кои обезбедија пласман на завршницата без разлика на исходот на дуелите од последното коло. Тоа се: Летонија, Белгија, Босна и Херцеговина и Израел.

Летонија има скор од пет победи од пет натпревари, а Босна и Херцеговина 3 од 3 и тоа се двете селекции без пораз.

Со победа во последното коло над Белорусија и Македонија ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

Резултати од 5.коло и табели:
А група: Б и Х – Велика Британија 74:68. Исланд слободен.
Табела: Б и Х 6 бодови, Исланд 5, В.Британија 4.

Б група: Бугарија – Црна Гора 73:84 и Израел – Холандија 83:60.
Табела: Израел 9, Холандија 8, Црна Гора 8, Бугарија 5.

Ц група: Германија – Австрија 88:69 и Полска – Луксембург 100:64.
Табела: Полска 9, Германија 8, Австрија 8, Луксембург 5.

Д група: Македонија – Данска 80:46 и Белорусија – Белгија 73:99.
Табела: Белгија 9, Македонија 9, Белорусија 7, Данска 5.

Е група: Португалија – Чешка 61:75 и Грузија – Унгарија 79:59.
Табела: Чешка 9, Грузија 8, Унгарија 8, Португалија 5.

Ф група: Словачка – Летонија 65:89 и Шведска – Романија 86:88.
Табела: Летонија 10, Романија 9, Шведска 6, Словачка 5.

Г група: Италија – Русија 68:72. Швајцарија е слободна.
Табела: Русија 6, Италија 5, Швајцарија 4.

Би можело да ве интересира

Хендрикс најдобар скокач, Македонија со најмногу „тројки“ во квалификациите за ЕП

Ана Ололовска

Бојан Трајковски: Тие што не веруваа во нас ги поканувам да не гледаат на ЕП

Ана Ололовска

Џикиќ: Овие момчиња заслужија да играат на Европското првенство

Ана Ололовска

Познати учесниците на Евробаскетот во 2015 година

Ана Ололовска

Македонија по петти пат на Европско кошаркарско првенство

Ана Ололовска

Македонија убедлива против Данска и на чекор до пласман на Евробаскетот 2015

Ана Ололовска