Трката Ајвар 5К годинава ќе се одржи во Гарфилд, Њу Џерси

Од:

Трката Ајвар 5К, која македонската заедница во САД ја организира по повод Денот на независноста 8 Септември, годинава ќе се одржи во Гарфилд, во сојузната држава Њу Џерси.

Од Обединетата македонска дијаспора, која е коорганизатор на трката, информираат дека трката ќе се одржи на 7 септември, во паркот Данерт Лејк. Средствата собрани од учесниците во трката и од компаниите – донатори ќе бидат наменети за Педијатриското одделение на болницата во Охрид.

Досега трките Ајвар 5К се одржаа во 2012 во Вашингтон и во 2013, во Вашингтон, Њујорк и Ен Арбор во Мичиген, со учество на неколку стотици граѓани, при што најбрзите добија тегли ајвар како симболични награди.

Заинтересираните учесници во годинешната трка можат да се пријават на следната интернет страница – http://umdiaspora.org/index.php/en/frontpage-news/66-charitable-efforts/987-2014-ajvar-5k-run-walk-to-be-held-in-garfield-new-jersey.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заев: По патот на мудроста на Глигоров, режимот заедно ќе го истераме

Ана Ололовска

ОМ: До година Денот на независноста со нас ќе го слави и Бошкоски

Ана Ололовска

ФОТО: На Денот на независноста, Скопје осамна со графити

Ана Ололовска

Врачени наградите „8 Септември“

Ана Ололовска

Честитка од Демократскиот сојуз по повод Денот на независноста

Ана Ололовска

ДОМ: Честит 8. Септември и да одиме напред

Ана Ололовска