Необичната глобална кампања во која познати личности се полеваат со кофи со ледена вода во хуманитарни цели, доби нова ѕвезда, еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс.
Основачот на Мајкрософт, хуманитарец и пронаоѓач така одговори на повикот на основачот на Фејсбук Марк Цукерберг, да и се придружи на кампањата, чија цел е подигнување на веста за амиотрофичната латерална склероза.
Во духовит видео клип, Гејтс го гледа настапот на Цукерберг, а потоа тргнува во акција. Тој исто така повика тројца следни познати личности да и се приклучат на акцијата – Елон Маск, Рајан Сикрест и Крис Андерсон од конференцијата ТЕД.