Мета во која пукал Елвис Присли продаден за 27.500 евра

Од:

Мета од хартија изрешетана од куршуми што ги испукал рокенрол ѕвездата Елвис Присли на неговото приватно стрелиште, е продадена на аукција за сума од 27.500 долари.

Покрај метата, на аукцијата, организирана по повод 37-годишнината од смртта на Елвис, беа понудени 72 автентични предмети сопственост на „Кралот“, меѓу кои и неговиот кадилак од 1977 година, кој достгна цена од 81.250 долари.

Златниот приврзок во форма на глава од лав украсен со диојамнети, што Присли го носел на повеќе настапи, е продаден за 82.500 долари, а една тава од лиено железо заедно со рецепт за готвење на мајката на Елвис е продадена за 4.750 долари.

И покрај ваквите продажби, сепак на лицитацијата хартиената мета од стрелиштето на „Кралот“ на имотот Грејсленд, достигна вредност 27 пати повисока од проценатата.

По повод годишнината од смртта на Присли, илјадници негови фанови синоќа одржаа бдеење во сеќавање на легендата на рокенролот, кој почина на денешен ден во 1977 година на 42-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ