Анџелина Џоли повторно обвинета за плагијат

Од:

Американската актерка Анџелина Џоли повторно на суд ќе мора да докажува дека не ја украла идејата од новинар за филмот за војната во поранешна Југославија.

Откако еден хрватски новинар во 2011 покрена судска постапка против Анџелина Џоли, тврдејќи дека нејзиниот филм „Во земјата на крвта и медот“ е плагијат и оти идејата за своето режисерско деби ја украла од неговиот роман, судот во Лос Анџелес ја отфрли неговата тужба поради недостиг на докази.

Џејмс Џ. Бредок поради тоа повторно поднесе жалба, па случајот повторно ќе се најде пред суд каде Анџелина ќе мора да докаже дека идејата и сценариото се нејзини.

Актерката претходно достави обемна документација со која докажува дека инспирацијата за филмот „Во земјата на крвта и медот“, кој повторно ги распламти националните страсти на Балканот, ја добила за време на посетата на БиХ како амбасадор на ОН.

Новинарот кој се крие зад псевдонимот Џејмс Џ. Бредок, всушност се вика Јосип Ј. Кнежевиќ и е роден во Сараево, а во 1994 година се преселил во Загреб каде и почнал да работи на книгата, која, тврди тој, Анџелина без негово знаење ја искористила за снимање на филмот.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ