Познатиот комичар, Робин Вилијамс извршил самоубиство во својот стан, откако е утврдено дека страда од тежок облик на депресија, поради што се врати на стариот порок, алкохолот. Меѓутоа дека не е се црно и бело, докажува и официјалното соопштение на неговата сопруга Сузан Шајдер.
„Робин поголем дел од својот живот, го помина помагајќи им на другите. Забавуваше милиони луѓе на сцената, филмот, телевизијата, ги тешеше болните деца. Тој сакаше секогаш да се смееме и да не се плашиме“, напиша во официјалното соопштение сопругата на познатиот комичар, Сузан Шајдер. Таа додава дека по неговата смрт, сите кои што го сакале, пронашле утеха во неверојатната поддршка на милиони луѓе, кои што беа воодушевени од неговата работа и до чии што животи имаше допрено.
-Иако имаше проблеми со своите внатрешни битки, депресијата, како и раната фаза на Паркинсонова болест, Робин беше трезвен и не сакаше тоа јавно да го каже. Наша единствена надеж во овој мрачен момент е дека другите ќе најдат сила да побараат нега и поддршка кои им се потребни во битките во кои војуваат, со надеж дека помалку ќе се плашат-напиша таа.
Е. Г.