Иако има само тринаесет месеци, ќерката на Ким Кардашијан и Канје Вест, Норт веќе ја доби својата прва работа во модната индустрија.
Норт Вест дебитираше во светот на високата мода, позирајќи во плетен џемпер и мала торба од „Шанел“, за „ЦР Фешн Бук“. Малата Норт веќе се фотографираше за „Вог“, кога со родителите позираше за есенското издание.
Во изјава за еден американски портал, Ким рече дека нејзината ќерка ужива да биде пред камерите.
-Кога ќе ја забележи камерата таа веднаш почнува да позира-рече тогаш Ким.
Е. Г.