„Робин го видов само неколку дена пред смртта. Беше исцрпен и слаб, а изгледаше како сенка од оној човек, каков што беше претходно“, рече неговиот прв сосед за „The Daily Mail“.
Долгогодишниот сосед на Вилијамс изјави дека познатиот актер физички целосно пропаднал во однос на времето кога се доселил во населбата.
„Иако беше нерасположен, во себе најде сила и срдечно се поздрави. Водевме краток, површен разговор, а потоа се поздравивме и секој замина по својот пат. Според изгледот дојдов до заклучок дека нешто страшно го мачи“, рече тој.
Соседот додаде дека Вилијамс подолго време бил во лоша емотивна состојба, но дека тој не можел да преземе ништо.
Е. Г.