Познатите актери Силвестер Сталоне, Весли Снајпс и Џејсон Статам се само дел од екипата, која учествува во третиот дел од филмот „Платеници“.
Тие во тек на едно интервју ги коментираа гласините дека пејачот Џасин Бибер ќе глуми во четвртото продолжение од акцискиот филм.
-Ни треба некој кој ќе ни го мати чајот – се пошегува британскиот актер Џејсон Статам, на што Снајпс саркастично извика дека се согласува со тоа.
Сталоне пак рече дека Џастин е добро момче, кое не треба да посветува внимание на сарказмот на неговите двајца колеги.
-Тој е добро момче и кој знае, можеби сите тројца би не истепал, вие тоа не го знаете – смеејќи се изјави славниот актер.
Е. Г.