Познатата пејачка Џенифер Лопез овие денови вредно работи на промоција на својата нова песна „Booty”, а поради тоа направи и фотосесија.
Со фотографија во предизвикувачка поза, во црно бел костум за капење, која веќе е објавена на „Инстаграм“, четириесет и петгодишната пејачка по кој знае кој пат потврди дека им пркоси на годините и дека се уште може да се пофали со својата фигура.
Таа неодамна ја прекина повеќегодишната врска со танчерот Каспер Смит, по сознанието дека ја изневерил. Од претходниот брак со пејачот и актер Марк Ентони, Џенифер има две деца.
Е. Г.