СЗО: Од еболата досега починаa 1.013 лица

Од:

Бројот на починати од најтешката епидемија на ебола досега достигна 1.013 лица, откако за три дена во три западноафрикански држави починаа уште 52 лица, соопшти синоќа Светската здравствена организација (СЗО).

Најголем број смртни случаи од ебола во изминатите три дена се регистрирани во Либерија, каде од болеста починаа уште 29 лица, во Сиера Леоне 17, а во Гвинеја шест луѓе.

Според СЗО, вкупниот број на заразени од вирусот ебола е зголемен на 1.848 лица.

Би можело да ве интересира

Курти и Османи на разговори за идната заедничка влада