Инструкторката по јога и сопруга на холивудскиот актер Алек Болдвин не престанува да изненадува на Инстаграм со своите јога пози.
Голем број коментираа дека Хиларија е опседната со јога, па така секоја фотографија е направена во необична поза.
Хиларија се пофали и дека е во состојба да ги извршува секојдневните домашни работи во тешки пози. Таа љубовта кон јогата ја пренесе и на 11-месечната Кармен која почна да ја имитира својата мајка.