Актерот Даниел Радклиф во емисијата кај Џими Кимел се пожали дека никогаш никого не стрижел.
Како вистинска „добра самовила“, Кимел веднаш му ја исполни желбата и пронајде доброволец, кој на Радклиф му ја препушти својата коса.
Момчето очигледно бил фан на актерот кога без никакви забелешки дозволи да го истриже по негова желба.
На половина пат запре и го потсети момчето дека може лесно да го упропасти доколку ја остави фризурата недовршена, но сепак бил со добра волја и го истрижа до нула.