Имамот на најголемата џамија во Кина,Јуме Тахир (74) е убиен во инцидент за кој се претпоставува дека е атентат,соопштија кинеските власти. Имамот Тахир бил прободен во телото со, засега, непознат предмет,по утринската молитва во џамијата Ид Ках,во Кашгар,во провинцијата Ксинјанг,по што починал на местото на убиството.
Неговото убиство се случува само два дена по судирите на локалното население со полицијата,во кои се тврди дека имало на „десетици мртви и ранети“.
Полицијата се уште не ги знае мотивот и причините за убиството.
Имамот Тахир потекнува од Ксинјанг,каде мнозинството од населението го сочинуваат припадниците на ујгурското малцинство во Кина,кои во најголемиот број се муслимани.Тој беше познат како гласен подржувач на политиката на кинеските власти во оваа провинција,наспроти сепаратизмот кои го заговараат ујгурските „националисти и исламисти“. Џамијата во Кашгар е стара повеќе пд 600 години и таа е централното обележје на овој кинески град.